Осомничен за упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година, денеска и се предаде на полицијата
По упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година, Давидовски избега во Шведска каде што се криеше седум години, а се бараше со меѓународна потерница...

43-годишниот Дејан Давидовски, еден од осомничените за упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година, денеска наутро ѝ се предал на македонската полиција. Од МВР соопштија дека при редовната пасошка контрола на граничниот премин „Деве Баир“ е констатирано дека евидентираното лице било на стоп листата со мерка – „лиши од слобода“.
По упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година, Давидовски избега во Шведска каде што се криеше седум години, а се бараше со меѓународна потерница. Пред пет години беше уапсен од шведските власти, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција со образложение дека тој се гони од политички причини.
Давидовски е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
