реакција

Костадиновска-Стојчевска: ВМРО-ДПМНЕ изнесува лаги

25.08.2024 17:11

Вели дека ако имаат било каква индиција за криминал или за криминално работење во Министерството за култура ги охрабрува да поведат постапка пред надлежните институции...

„Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт“ – реагира Костадиновска-Стојчевска.

Вели дека ако имаат било каква индиција за криминал или за криминално работење во Министерството за култура ги охрабрува да поведат постапка пред надлежните институции. Објави извод од сметка со која покажува дека не користела буџетски средства ниту службена картичка за купени куфери.