Се трошеле ли народни пари за лично луксузирање во странство?
ВМРО-ДПМНЕ обелодени скандал „Бисера Антоанета“. Велат дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска трошела народни пари за лични потреби. Со службена картичка купувала – чорапи, хулахопки, плишани мечиња, фудбалски топки, куфери за патување. Таа негира, вели ова е лага сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт...

Се трошеле ли народни пари за лично луксузирање во странство? Владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска со службена картичка во Лондон купувала чорапи, хулахопки, плишано мече, топки, куфери за патување. Од партијата велат дека лани во октомври додека била на службен пат, министерката се подновила со буџетски пари и за 4 дена потрошила 714 фунти.
Тоа не е вистина – демант од поранешната министерка. На социјалната мрежа Фејсбук Костадиновска – Стојчевска објави трансакции од банкарската сметка со која покажува дека не користела пари на граѓаните за купување на скапите куфери. Ја повика партијата на власт ако има каква било индиција за криминално работење во Министерството за култура да поведе постапка пред надлежните институции.
Костадиновска-Стојчевска беше министерка две и пол години во владата предводена од СДСМ.
Анита Димитријевска – Велковска
