ЦУК

Локализиран пожарот што избувна во тетовска млекарница, нема повредени лица

25.08.2024 21:22

Нема повредени, а според информациите од територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18.20 часот...

По речиси два часа гаснење од страна на пожарникарите, локализиран е големиот пожар што попладнево избувна во фабриката за преработка на млеко во тетовско Камењане. Нема повредени, а според информациите од територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18.20 часот.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека на помош стигнале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.