Мали ниви, мали производители
Многу земјоделски стопанства во Македонија се со мали површини за обработка. Ова е проблем за производството и профитабилноста на македонскиот аграр. Откупувачите и трговците се повеќе заинтересирани да се пазарат и да купуваат големи количества на храна и земјоделски производи кои земјоделците не можат секогаш да ги понудат...

Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на парцелите е проблем за поголемо производство и помали трошоци.
Ситните стопанства мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, советуваат експертите.
Обработливите површини се во просек од 1,4 хектари, расцепкани, без инфраструктура и со големи трошоци.
Преработувачите, наместо од индивидуалните повеќе купуваат од поголемите производители, а недоверба меѓу фармерите и конзервната индустрија, го намалува договореното производство и ги прави ниски откупните цени.
Искуството покажува дека задругите се решение кое дава реални ефекти, а земјоделците ги прави поголеми играчи на пазарот.
Државата неколку години го помага овој процес и тоа со субвенции за основање нови и одржување на веќе постоечките задруги, за инвестиции, за промотивни активности, за подобри на резултати од работењето на преработувачките капацитети како и развој на нови производи и дизајн.
Методија Трајков
