Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап
26.08.2024 10:02
Дуплантис во полски Хожов победи во Дијамантската лига со резултат од 6,26 метри. Ја достигна висината на вториот обид...

Шведскиот атлетичар Арманд Мондо Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап.
Дуплантис во полски Хожов победи во Дијамантската лига со резултат од 6,26 метри. Ја достигна висината на вториот обид.
Така, Дуплантис го надмина сопствениот светски рекорд поставен во август на Олимписките игри во Париз. Таму го освои златото со скок од 6,25 м.
Дуплантис има 24 години, тој е двократен олимписки шампион и двократен светски шампион.
