Македонија

СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје

26.08.2024 10:09

Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик и две лица поради недозволено поседување на оружје.

Во текот на вчерашниот ден и денеска, полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 85 лица, кај сите бил извршен и преглед.

Преглед бил извршен и на 38 моторни возила и три мотоцикли. Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик и две лица поради недозволено поседување на оружје.

Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови, соопштуваат од МВР.