Пакистан

Вооружени напаѓачи убиле 23 патници во напад во југозападен Пакистан

26.08.2024 10:16

Најмалку 23 лица загинаа, а десетина возила се опожарени откако вооружени лица извршија напад врз возила на автопат во југозападен Пакистан...

Најмалку 23 лица загинаа, а десетина возила се опожарени откако вооружени лица извршија напад врз возила на автопат во југозападен Пакистан.

Според властите, ова е еден од најсмртоносните инциденти. Засега никој не презеде одговорност. Пакистанските безбедносни сили често се мета на бунтовниците кои бараат поголема автономија и контрола врз гасот и минералните ресурси на Балучистан.

Министерот за внатрешни работи вети дека оние што стојат зад нападот нема да ја избегнат правдата.