Бразил

Сао Паоло прогласи вонредна состојба поради шумските пожари

26.08.2024 10:20

Големи пожари го пустошат југоисточниот дел на Бразил. Владата на државата Сао Паоло прогласи вонредна состојба во 45 општини...

Големи пожари го пустошат југоисточниот дел на Бразил. Владата на државата Сао Паоло прогласи вонредна состојба во 45 општини.

По кризниот состанок на кабинетот на претседателот Луис да Силва, најавена е војна против огнената стихија. Воени авиони и околу три илјади пожарникари се на терен.

Федералната полиција ги истражува причините за пламените јазици. Според првичните информации, поголемиот дел од пожарите биле предизвикани намерно. Властите се надеваа дека дождовите ќе помогнат да се ублажи кризата.