Бугарија

Бугарија доби преодна влада, изборите ќе се одржат на 27-ми октомври

26.08.2024 12:19

Бугарскиот претседател Румен Радев го прифати предложениот кабинет на вршителот на должноста премиер, Димитар Главчев...

Бугарија доби преодна влада. Бугарскиот претседател Румен Радев го прифати предложениот кабинет на вршителот на должноста премиер, Димитар Главчев.

Се очекува утре да биде потпишан указот за закажување на парламентарни избори на 27-ми октомври.

Во Бугарија во изминатите три години се одржаа шест парламентарни избори, но ниту една политичка сила досега не успеа да формира стабилна влада.