Ново повеќенаменско игралиште во Драчево
Повеќенаменско игралиште за кошарка, ракомет, фудбал во Драчево. Во проектот се инвестирани 8 милиони денари...

На 1.000 метри квадратни во основното училиште Свети Климент Охридски, младите ќе можат да играат фудбал, кошарка и ракомет. Ова е дел од владината програма за изградба на повеќе спортски терени.
„Овој проект е дел од една низа на капитални проекти во спортот какви што нашата држава не памети. Слични проекти се изградбата на 180 спортски сали, 50 фудбалски игралишта како и изгадбата на 120 тениски терени низ цела Македонија“, рече премиерот Никола Груевски на свеченото отворање.
Целта е потикнување на на спортот и здравите навики кај младите и да се помогне во развојот на талентите.
„На овој начин учениците ќе имаат уште поголем мотив да спортуваат и да се дружат меѓусебно, а наставниците ќе имаат дополнителна шанса и можност да ги научат младите луѓе да практикуваат поздрав начин на живот“, вели Маријан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт.
„Во периодот на градба на ова повеќенаменско игралиште, и општина Кисела Вода се вклучи со сопствена инвестиција во целосната реконструкција во поставувањето нов кров на училишната спортска сала кој беше во исклучително незавидна состојба“, рече градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец- Алексиќ.
Изградбата на игралиштето чинеше 8 милиони денари. Во Кисела Вода ќе се изградат уште три.
Андријана Атанасовска
