Здравство

Најавена донација од 11.000 вакцини против Ковид-19

26.08.2024 13:44

Таравари најави донација од 11.000 вакцини против Ковид-19, изразувајќи надеж дека ќе пристигнат следните 10 дена...

Министерот за здравство Арбен Таравари најави донација од 11.000 вакцини против Ковид-19, изразувајќи надеж дека ќе пристигнат следните 10 дена.

За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во Европската Унија и Македонија е во тој пакет. Tој е во финална фаза и наскоро ќе бидат снабдени сите европски држави, па и Македонија, со вакцини за инфлуенца и за ковид, одговори министерот на новинарско прашање.