Македонија - Бигарија

Промени во мешовитата историска комисија со Бугарија

26.08.2024 14:24

Мешовитата историска комисија со Бугарија ќе претрпи кадровски промени – Скопје смета дека не ги исполнила очекувањата. Софија децидна – не може да има преговори за нешто што е веќе договорено.

Мешовитата историска комисија со Бугарија ќе претрпи кадровски промени – Скопје смета дека не ги исполнила очекувањата. Софија децидна – не може да има преговори за нешто што е веќе договорено.

Скопје и Софија со спротивставени ставови за Мешовитата комисија за историски и образовни прашања. Од македонската Влада сметаат дека мора да има кадровски промени, бидејќи на комисијата која не покажала резултати и е потребен нов дијалог со бугарската Влада околу работата на комисијата.

„Актуелната комисија, мешовита, апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. Инаку, да, логично е кога имате нова влада да има и промени во комисијата, не гледам тука политика“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Бугарскиот амбасадор пред истекот на неговиот мандат во Македонија, по најавите за преговори со новата бугарска Влада, изјави дека не може да се менува нешто што веќе е договорено, вклучувајќи ја и мешовитата историска комисија.

„Ние веќе кажавме што треба да се направи. Се разбира сега имаме избори, изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме ќе се состави една влада, која ќе може да влезе во еден интензивен дијалог. Се разбира не преговори, зошто преговори не може да има за нешто што веќе е договорено. Како што е договорено, така треба да се почитува и исполни. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе си останеме соседи кои ќе имаат интензивна соработка“, изјави бугарскиот амбасадор, Ангел Ангелов.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство, соработка и пријателство меѓу Бугарија и Македонија во 2017-та година.

 

Ирина Гелевска