Судски совет

Специјалната комисија за случајот Рамадани сè уште без одлука

26.08.2024 14:26

Комисијата што ја чешла работата на судијата Пајазити, кој му одреди куќен притвор на бегалецот Рамадани, сè уште е без одлука. Судскиот совет уверува дека интензивно се работи на случајот. Другите институции го чекаат епилогот, по што ќе се одлучи како понатаму…

Нема одлука и после една недела откако членовите на Комисијата на Судски совет, Александар Камбовски, Ханиф Зендели и Павлина Црвенковска ја почнаа постапката за утврдување евентуални пропусти во случајот со поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани кој избега од куќен притвор. Претседателката на Советот, Дамева уверува дека Комисијата работи интензивно и набрзо ќе има разрешница.

Исходот од Комисијата го чека и Кривичниот суд кому Врховен му го врати случајот за Рамадани на повторно постапување. Од Министерството за правда за МТВ велат дека за Блерим Рамадани немаат добиено одлука дали се исполнети законските претпоставки за екстрадиција. Оттаму за МТВ појаснуваат:

„Кога лице се бара со меѓународна потерница од една држава, а е уапсено или лоцирано во друга, се постапува согласно меѓународните конвенции, билатералните договори или принципот на реципроцитетМинистерството за правда добива известување од МВР, по што бара списи со превод од правосудниот орган кој ја издал потерницата.“

МТВ ги контактираше министерствата за правда во соседни Србија и Косово. На прашање зошто по една седмица немаме одговор од Министерството за правда на Косово, ни беше кажано дека барањето на информацијата е проследена до соодветните лица и дека сè уште немаат одговор како ќе постапат тамошните институции на барањето за екстрадиција. Од Србија, одговорот сличен на оној од косовското Министерство за правда, со препорака да го препратиме уредно пратеното барање на други адреси.

Блерим Рамадани избега од куќен притвор на 14-ти август.

Фиљана Кока