Истанбул
Ристовски на конференција „Вклученост на сите деца во квалитетно образование“
11.12.2013 12:04
Денеска во Истанбул, Република Турција, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски ќе се обрати на Меѓународната министерска конференција – “Вклученост на сите деца во квалитетно образование“, во организација на Владата на Република Турција и Регионалната Канцеларија на УНИЦЕФ за Централна и Источна Европа.

Конференцијата го означува почетокот на регионалната иницијатива за заедничка работа на земјите кон вклучување на што поголем број деца во квалитетно образование, односно кон поттикнување на еднаквоста во образованието и учењето, а ќе учествуваат министрите за образование и за труд и социјална политика од земјите од регионот и пошироко, како и бројни претставници на меѓународни организации.