Почина поранешниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон

26.08.2024 14:50

Во јануари, 76-годишниот Швеѓанец соопшти дека му бил дијагностициран терминален карцином на панкреасот...

Почина поранешниот селектор на англиската репрезентација Свен-Горан Ериксон, објави Би-би-си.

Во јануари, 76-годишниот Швеѓанец соопшти дека му бил дијагностициран терминален карцином на панкреасот. Неодамна, Ериксон пренесе порака во документарен филм посветен на неговиот живот: „Во најдобар случај ми останува уште една година“.

Како главен тренер, тој работеше во Рома, Фиорентина, Бенфика, Сампдорија, Лацио, репрезентацијата на Англија, Манчестер сити, Лестер, а беше селектор на Мексико, Брегот на Слоновата Коска и на Филипини.

Последното место на работа на Ериксон беше шведскиот Карлштад, каде што беше спортски директор.