Образование

Во битолското земјоделско училиште запишани само осум ученици

26.08.2024 15:06

Белата чума коси, се намалува бројот на ученици. Оние што остануваат, најголем интерес имаат за средните стручни училишта. Расте интересот за дуалните паралелки...

Пелагонија е најголемата житница во Македонија, извор на храна за земјава. Но, се чини дека во иднина ќе нема кој да ја работи. Годинава во земјоделското училиште „Кузман Шапкраев“ во Битола се запишани само осум ученици.

Белата чума коси, се намалува бројот на ученици. Оние што остануваат, најголем интерес имаат за средните стручни училишта. Расте интересот за дуалните паралелки.

Податоците и анализите за Центарот за стручно образование и обука, покажуваат дека изминативе неколку години, зголемен е интересот за дуалното образование.

На неколку дена пред почетокот на новата учебна година се врши модернизација на училиштата.

Во шесте средни училишта во Битола, од 1.258 слободни места, пополнети се 934.

Александра Максимовска