Зеленски најави одговор по синоќешните најмасовни руски напади во земјата
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, пристигнува во руски Курск каде што лично ќе ја води инспекцијата на нуклеарната централа во областа. Зеленски најави одговор по синоќешните најмасовни руски напади во земјата во кои загинаа најмалку седум луѓе, а десетици беа ранети.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, пристигнува во руски Курск каде што лично ќе ја води инспекцијата на нуклеарната централа во областа додека на терен и натаму се одвиваат борби.
На украинскиот фронт, Киев, Запорожје, Херсон и Кривји Рих повторно на удар на руските сили. Зеленски најави одговор по синоќешните најмасовни руски напади во земјата во кои загинаа најмалку седум луѓе, а десетици беа ранети. Повторно ја нагласи потребата од употреба на оружје со долг дострел. Осуда пристигна и од Белата куќа велејќи дека нападите се класична игра на Путин и неговите напори да го потопи украинскиот народ во темнина.
„Секој од овие напади постојано не враќа на задачата за способности со долг дострел – потребата да им обезбедиме на нашите сили доволно оружје што може да ги уништи терористите токму во областите на нивните удари“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
