Прв брифинг со медиуми на собранискиот спикер Гаши
Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја има првата неформална средба со медиумите...

Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја има првата неформална средба со медиумите, на која според најавеното ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом. Пратениците се на одмор, а во меѓувреме не прекинуваат партиските преписки за поднесената интерпелација за Гаши од Левица.
Пленарната седница е за кажана за 3-ти септември. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека нема да ја поддржат интерпелација. Лидерот на СДСМ Филипче најави координација со пратеничката група и дека ставот ќе го соопштат неделава.
Од коалицијата Вреди сметаат дека интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието нема да помине, иако не ја исклучуваат можност, како што велат, опозицијата да прави спектакл.
