Судан
Најмалку 60 луѓе загинаа при уривање на брана во источен Судан
27.08.2024 09:20
Најмалку 60 луѓе загинаа, а голем број се водат за исчезнати при уривање на брана во источен Судан поплавувајќи голем број куќи...

Најмалку 60 луѓе загинаа, а голем број се водат за исчезнати при уривање на брана во источен Судан поплавувајќи голем број куќи, соопштија властите во африканската земја, каде што беснее војна меѓу националната армија и моќната паравоена сила.
Браната Арбат е главниот извор на вода за пиење за градот Порт Судан.
