Случај „Телеграм“

Продолжен притворот на Дуров до 28-ми август

27.08.2024 11:58

Притворот на извршниот директор и основач на апликацијата „Телеграм“, Ппавел Дуров е продолжен до утре...

Притворот на извршниот директор и основач на апликацијата „Телеграм“, Ппавел Дуров е продолжен до утре.

Беше приведен на аеродромот Ле Бурже надвор од Париз на 24-ти август и задржан на сослушување поради измама, трговија со дрога, организиран криминал и промовирање тероризам. Дуров е роден во Русија, па оттаму пристигнаа и обвинувањата на претседателот на руската дума, Вјачеслав Володин дека зад неговото апсење стои Вашингтон.

Володин изјави дека актуелниот американски претседател сака да ја стави „Телеграм“ под контрола пред изборите во САД.