Јапонија

Тајфунот Шаншан ја погоди Јапонија

27.08.2024 11:58

Силен тајфун им се заканува на југозападните острови во Јапонија...

Силен тајфун им се заканува на југозападните острови во Јапонија. Влијанието на бурата веќе се чувствува на копното. Метеоролошките власти издадоа предупредувања за обилни дождови и силни ветрови кои се очекуваат да ги донесе тајфунот Шаншан во наредните денови.

Засега нема пријавено штети, но дождовите веќе предизвикаа прекини потешкотии во сообраќајот. До крајот на неделава најавени се прекини и во железничкиот сообраќај на главниот јужен остров Кјушу.