Собрание

Гаши: Интерпелацијата не е политички издржана

27.08.2024 13:31

Собранискиот спикер Гаши на прва неформална средба со медиумите. Се разговараше за тековните и идните активности на законодавниот дом, но и за најавената интерпелација…

Првата неформална средба со медиумите на спикерот на Собранието, Африм Гаши, на кој според најавеното се разговараше за тековните и идните активности на законодавниот дом.

Гаши рече дека на седницата на 3-ти септември, прва на дневен ред ќе биде интерпелацијата за неговото работење и покрај тоа што смета дека барањето не е политички издржано.

„Безброј интерпелации за многу функционери во минатото никогаш не виделе бел ден, а јас ја ставив интерпелацијата за мене прва точка на дневен ред. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“, рече Гаши.

Во врска со инцидентот со членовите на неговото обезбедување на Скопскиот аеродром кога косовската претседателка Вјоса Османи не сакаше да помине контрола, Гаши рече дека тој не го бира личното обезбедување, туку МВР.

Првиот човек на Собранието нагласи дека кој прекршил закон, треба да одговара.

Ирина Гелевска известува од Собранието