Македонија

Мора да се врати комуникацијата ученик-родител

27.08.2024 14:29

На стартот на новата учебна година се враќа прашањето за комуникацијата ученик-родител и училиште. Комуникацијата е нарушена и носи длабоки последици. Мора да се врати, а наставниците може многу да помогнат...

Мора да се врати комуникацијата ученик-родител, зашто последиците се отуѓување и девијантност.

Дури 80 насто од случаите на психолошко советување се токму поради нарушената комуникација.

Мора да се разговара, вели психотерапевтот Ана Алексоска.

Наставниците и училиштето можат многу да помогнат.

Во прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ веќе втора година се одржува работилница. Вклучени се и родителите.

Работата на враќање на комуникацијата ученик-родител-наставник е долг процес.

 

Елизабета Митреска