Проект

Судскиот совет под лупа на „Правично судење“

27.08.2024 14:30

Коалицијата „Сите за правично судење“, почнува проект со кој ќе се проверува како Судскиот совет ги спроведувал дисциплинските постапки. Целта е да се утврди дали во иднина треба да се менува законското решение или да се интервенира во праксата...

52 насто од судиите не се задоволни од дисциплинските постапки пред Судскиот совет. Дали причина за незадоволството е во законот или во постапувањето на членовите на Советот треба да покаже претстојното истражување на Коалицијата „Сите за правично судење“ кое ќе опфати 20 завршени дисциплински постапки за судии од кривичната и од граѓанската материја.

Дека во земјава се воделе многу дисциплински постапки против судии во 2015-тата укажала и Венецијанската комисија.

Проектот ќе трае до март 2025 година. Резултатите, меѓу останатото треба да ја унапредат надзорната и контролна улога што Советот ја има врз работата на судиите.

 

Анита Димитријевска – Велковска