Политика

Мицкоски: Ние сме за одблокирање на евроинтеграциските процеси, но тоа е двонасочна улица

27.08.2024 15:01

Премиерот нагласи дека се надева оти после изборите на 27-ми октомври, во Бугарија ќе има нова политичка влада со која би можеле да најдат заедничко решение за конечен старт на евроинтегративните процеси на земјава.

Ние сме за одблокирање на евроинтеграциските процеси и ќе работиме посветено на таа агенда, но од другата страна треба да имаме партнер со кој ќе можеме да комуницираме, изјави денеска премиерот Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека се надева оти после изборите на 27-ми октомври, во Бугарија ќе има нова политичка влада со која би можеле да најдат заедничко решение за конечен старт на евроинтегративните процеси на земјава.

Во оваа прилика премиерот го повтори ставот дека за сè треба двонасочна улица.