Македонија

Гаши: Од никого никогаш не сум барал да прекрши закон

27.08.2024 15:11

Не барав да не се почитуваат процедурите за премин на границата, но немам контрола на тоа кој сè и на каков начин биле регистрирани при излез и влез во земјава, за што МВР треба да води сметка, појасни претседателот на Собранието...

Не барав да не се почитуваат процедурите за премин на границата, но немам контрола на тоа кој сè и на каков начин биле регистрирани при излез и влез во земјава, за што МВР треба да води сметка, појасни претседателот на Собранието, Африм Гаши на првиот брифинг со новинарите за одењето на свадба во Косово.

Вели дека не му било дозволено да користи сопствено возило, морал да оди со службено како што му било кажано од обезбедувањето. Волен е да ги плати трошоците за патувањето.

Спикерот Гаши призна дека свадбарите со приватни возила на граничниот премин Блаце поминале без контрола, но одговорноста е кај министерот Тошковски, посочија од опозициската СДСМ.

Гаши објасни дека шефот на обезбедувањето го испратил на аеродромот кога настана инцидентот со косовската претседателка Османи, оти сакал лично да ја смири ситуацијата со неговото присуство. Сепак, се сложи дека за сите треба да важат процедурите на аеродромот согласно домашните и меѓународните правила.

Ирина Гелевска