регион
Големи шумски пожари на југоистокот на Србија, прогласена вонредна состојба
27.08.2024 18:10
Пожарникари, шумари, припадници на цивилната одбрана и волонтери се борат со пламените јазици во подножјето на врвот Видлич на Стара Планина, во општините Димитровград и Пирот, на границата со Бугарија...

Веќе три дена трае битката со огнената стихија на југоистокот на Србија. Пожарникари, шумари, припадници на цивилната одбрана и волонтери се борат со пламените јазици во подножјето на врвот Видлич на Стара Планина, во општините Димитровград и Пирот, на границата со Бугарија.
Властите јавија и за пожари во близина на границата со Македонија. Прогласена е вонредна состојба. Околу две илјади хектари сува трева и ниска вегетација гори на многу непристапен, карпест терен, што го отежнува гаснењето.
