ујп

УЈП: Прекин на системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МОЈДДВ на 29-ти и 30-ти август

27.08.2024 15:39

Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ...

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.

Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ.

По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Апелираме до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин-соопштуваат од УЈП.