Холанѓаните остнауваат на Охридското крајбрежје

09.07.2014 17:32

Туристите од земјите на Бенелукс помасовно ќе бидат присутни на Охридското крајбрежје и во наредните три години. Охридските хотелиери потпишаа нови договори со холандскиот туроператор „Корендон“ и нивниот македонски партнер „Фибула Ер травел“, со кој е предвидено бројот на гостите во наредните три години да биде поголем за 30 проценти.

Со договорите хотелиерите прифаќаат да воведат нови содржини и да ја збогатат понудата, што секако ќе го реализираат кога однапред знаат дека дел од нивните капацитети ќе бидат исполнети од мај до октомври.