Македонија

Пензионерите на протест на 3-ти септември во Скопје

27.08.2024 17:41

Највозрасните граѓани од повеќе градови од земјава ќе дојдат во главниот град, за да побараат оставка од актуелната претседателка на Здружението на пензионери, Станка Трајковска...

Масовен протест на пензионерите на 3-ти септември во Скопје. Највозрасните граѓани од повеќе градови од земјава ќе дојдат во главниот град, за да побараат оставка од актуелната претседателка на Здружението на пензионери, Станка Трајковска. Кои се барањата на пензионерите, има ли одговор од претседателка на Здружението на пензионери, во Дневникот известува Борис Грујоски.