Пензионерите најавуваат протест на 3-ти септември во Скопје, бараат оставка од актуелната претседателка на Здружението
Пензионери најавуваат протест на 3-ти септември во Скопје. Од повеќе градови од земјава ќе дојдат во главниот за да побараат оставка од актуелната претседателка на Здружението, Станка Трајковска...

Пензионери од повеќе градови од Македонија кои со месеци протестираа и бараа линеарно зголемување на пензиите, повикаа на масовен протест на 3-ти септември во Скопје. Разочарани од работењето на актуелната претседателка на Здружението на пензионери, Станка Трајковска, ќе побараат нејзина оставка.
Поранешниот претседател на Здружението на пензионери Драги Аргировски, за МТВ вели дека ги поддржува пензионерите во борбата за повисоки пензии, и го поздрави владиниот потег за покачување на примањата.
Пензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе до сите институции поднеле барање за покренување истрага за финансиското работење на Здружението на пензионерите на Македонија, но се сомневаат и во други општински здруженија кои не работеле според Закон.
Пензионерите ќе побараат и нови закони за зголемувањето на пензиите, но и на постапката на кој се бира претседателот на Здружението, како и времетраењето на мандатот.
Борис Грујоски
