Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена облачност
28.08.2024 08:05
Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе изнесува 6...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе изнесува 6.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени, а максималната од 29 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
