Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28-ми август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица...

Православните христијани денеска го слават Успението на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Ова е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога Марија се преселила на небото. Богородица се смета за заштитник на сите христијани и на Градот Скопје.
Ова е значаен празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Се верува дека Богородица е заштитничка на леунките, и на жените им помага при породувањето.
Традиционално, во манастирот во Матка, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе чиноначалствува со светата божествена литургија. Верниците ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.
