Пожари беснеат во Хрватска и Србија
На Балканот минаа недели без дожд, а температурите во текот на јули и август беа исклучително високи...

Над сто пожарникари и повеќе авиони се борат со пожар во близина на Сплит во Хрватска, кој се прошири до околните куќи поради што беше наредена евакуација. Хрватските екипи успеале да спречат тој да се прошири, држејќи го под контрола, но се стравува дека силните ветрови би можеле повторно да го разгорат.
„Сите работат, ситуацијата е подобрена, но сè уште се справуваме со голем пожар“, изјави Јошко Сушиќ, пожарникар од Хрватска.
„Беше доста блиску до нас, на овој рид на околу 200 метри од куќата“, изјави жител на Жрновница.
И Србија се справува со големи шумски пожари на југоистокот на границата со Бугарија, каде што е прогласена вонредна состојба. На Балканот минаа недели без дожд, а температурите во текот на јули и август беа исклучително високи.
