воен конфликт

По масовните руски напади врз Украина, свикан останок на Советот НАТО-Украина

28.08.2024 08:48

Состанокот доаѓа по неодамнешните масовни руски напади врз Украина...

Генералниот секретар на Алијансата Столтенберг свика состанок на Советот НАТО-Украина на барање на Киев на која се очекува украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров да ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и приоритетните потреби во однос на капацитетите. Состанокот доаѓа по неодамнешните масовни руски напади врз Украина. Во истовреме, додека Зеленски соопшти дека тестирале нова балистичка ракета, директорот на МААЕ Гроси најави посета на Киев откако констатираше дека постои опасност од нуклеарен инцидент во руската Курска област каде што се водат интензивни борби.

„Станицата работи во услови „блиски до нормални“. Јадрото на реакторот со нуклеарен материјал е заштитено само со обичен покрив. Ова го прави исклучително изложен и кревок на артилериски удар или дрон“, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.