Уништени запленето оружје и дрога
Светскиот ден на борба против мало и лесно оружје одбележан во Југохром. Беа уништени запленето оружје и дрога...

782 парчиња оружје и околу 235 килограми разни видови дрога, хероин ,марихуана, канабис беа уништени во печките на фабриката “Југохром“ во Јагуневце.Ова се заплените од случаи за коишто се донесени правосилни пресуди.
„Се работи за 782 парчиња разновидно оружје, од коишто 625 се разни видови на пушки, 157 парчиња се пиштоли и 15 парчиња се ладно оружје. Исто така, денес ја искористивме приликата да уништиме и наркотична дрога“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Од вторта половина на 2013-та до денес откриени се вкупно 625 кривични дела од областа на недозволена трговија со дроги, и 211кривични дела “недозволено изработување и тргување со оружје . За дрога се пријавени 767 сторители, а за оружје 131.
Во наредните три години во регионов треба да бидат уништени околу 165.000 парчиња рановидно оружје.
Наташа Гркова-Петрушевска
