Македонија

Муртезани во прва работна посета на Австрија

28.08.2024 09:24

Министерот Муртезани ќе оствари средба со својот хомолог, сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер...

Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во прва работна посета на Австрија. Министерот Муртезани ќе оствари средба со својот хомолог, сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер.

На состанокот во Виена се предвидува да се дискутира за билатералните односи, политиката на проширување на ЕУ во контекст на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, со посебен акцент на Планот за раст за земјите од Западен Балкан во чии рамки министерот Муртезани ќе информира за Нацрт-Реформската агенда 2024-2027, кој претставува сеопфатен и кохерентен пакет на квантитативни и квалитативни мерки, за постигнување на целите за намалување на економската конвергенција.