Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Туркије во земјава, Фатих Улусој

28.08.2024 10:32

На средбата беше изразено заедничко задоволство од постигнатото ниво на соработка помеѓу двата уставни суда, што претставува значаен сегмент во севкупната билатерална соработка на двете земји...

На средбата беше изразено заедничко задоволство од постигнатото ниво на соработка помеѓу двата уставни суда, што претставува значаен сегмент во севкупната билатерална соработка на двете земји. Потврда за унапредување на соработката помеѓу судовите е најавената билатерална средба во ноември во Анкара.

Амбасадорот Улусој, ги поздрави поставените приоритети на претседателот на Судот за време на неговиот мандат. Истовремено, изрази надеж дека истите ќе имаат исклучително позитивно влијание во настојувањето на Судот да даде придонес во зголемувањето на довербата на граѓаните во правната држава.

Средбата се реализираше во просториите на Уставниот суд на 27.08.2024 година.