Борба со огнените стихии, неколку пожари и натаму се активни
Само вчера се регистрирани 37. Изгаснати се 29, активни сè уште неколку - на границите помеѓу општините Чашка и Долнени каде гори мешана шума, во месноста Краста во Студеничани, во Штип во близина на Пенуш и воениот полигон Криволак.

Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува – предупреди Центарот за управување со кризи. Само вчера се регистрирани 37. Изгаснати се 29, активни сè уште неколку -на границите помеѓу општините Чашка и Долнени каде гори мешана шума, во месноста Краста во Студеничани, во Штип во близина на Пенуш и воениот полигон Криволак.
Изгаснат е пожарот во дебарско каде гореше мешаната дабова шума. Три пожари-на Галичица, во Желино и во Ново Село се под контрола.
Најавените врнежи се очекува да помогнат во справувањето со огнените стихии.
