Германија

Британскиот премиер Стармер во посета на Германија

28.08.2024 12:00

По церемонијалниот пречек во Берлин, тој разговараше со германскиот канцелар Шолц за нов билатерален договор со Германија, сличен на оној што Франција и Британија го потпишаа во 2010 година...

Британскиот премиер, Кир Стармер е во Германија, негова прва посета во странство како шеф на британската влада. По церемонијалниот пречек во Берлин, тој разговараше со германскиот канцелар Шолц за нов билатерален договор со Германија, сличен на оној што Франција и Британија го потпишаа во 2010 година.

Новиот договор според Даунинг стрит треба да биде финализиран во почетокот на 2025 година и се очекува да ја зајакне трговијата, да ја прошири безбедносната соработка и да ја засили заедничката акција против нелегалната имиграција.