Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Еди Рама не е добро информиран

09.07.2014 18:08

Албанскиот премиер Еди Рама вчера на конференција во Тирана изјавил дека протестите во Македонија се резултат на, според него, неспроведениот охридски договор. Рама смета дека во државава се нарушени и меѓуетничките односи.

„Охридскиот договор е составен дел од Уставот на Република Македонија. Посветеноста кон него се огледа и во тоа што неговото спроведување и развивањето на мултиетничкото општество се стратешки определби во владината програма“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на албанскиот премиер, која е оценета повеќе како неинформираност отколку како неконструктивна намера.

„Радикалните протести што се случуваат во Македонија, немаат никаква поврзаност со охридскиот договор, ниту пак со меѓуетничките односи, туку напротив организаторите ја кријат радикална агенда зад параванот на меѓуетничките односи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.