Со јавност ќе се борам против криминалот и корупцијата, порачува премиерот Мицкоски
Откако Обвинителството соопшти дека не е пристигна пријава за поткупот што му бил понуден на премиерот мицкоски за тендерската документација за Коридорот 8, шефот на Владата вели – одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата...

Со јавност ќе се борам против криминалот и корупцијата, тоа е мојата одлука и затоа ја дадов изјавата за обидот за поткуп во врска со Коридорот 8, со дециден одговор премиерот Мицкоски на новинарското прашање дека во Обвинителството нема поднесено пријава за таков случај. Тендерот датирал од времето на владеењето на минатата власт, па вели, се чувствува вознемиреност во некои центри на влијанија.
Мицкоски најави дека во рамки на неговиот кабинет, специјален тим преку отворена линија ќе разговара со граѓаните кои ќе може да пријавуваат девијантно однесување на администрацијата, политичарите без разлика дали се од локалната или централната власт коишто бараат некоја противуслуга за да завршат работа која, пак, на граѓаните им припаѓа со Закон и со Устав. На секој именуван и избран функционер од ВМРО-ДПМНЕ тој му порача:
„Да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата“.
Премиерот претходно изјави дека одбил непристоен предлог што се однесува на сегмент од изградбата на пругата за поврзување со Бугарија. За Коридорот 8, секцијата три, добил понуда за поткуп за да ја потпише тендерска документација пред истекот на рокот на 17-ти септември.
Фиљана Кока
