кибер-напади

Падна веб-страницата на Владата

28.08.2024 13:02

Се работи на надминување на проблемот за да се воспостави соодветна заштита - велат од Влада...

„Веб-страницата наиде на неочекувана грешка. Обидете се повторно подоцна“, ова е пораката која ќе ја добиете ако се обидете да пристапите кон владината интер страница. Таа денеска остана недостапна за јавноста.

Од Владата за „360 Степени“ кажале дека интернет страницата на Владата е под константни хакерски напади.

„Една од главните причини е слабата заштита наследена од претходно, иако биле потрошени десетици илјади евра. Се работи на надминување на проблемот за да се воспостави соодветна заштита“ - велат од Влада.