Одбележување

Во Македонска Каменица се одбележа 28-ми август, Денот на рударите

28.08.2024 15:29

Рударската професија е тешка, но ако се сака може да се надминат сите потешкотии. А платата, секогаш може и повеќе, велат рударите кои го одбележуваат 28-ми август, нивниот ден - Ден на рударите …

Рударскиот град Македонска Каменица го одбележа 28-ми август-Денот на рударите. Од 800 вработени во најголемиот работодавец во општината-рудниците Саса, 400 се рудари, кои според многумина ја извршуваат една од најтешките професии. Комбинатот на овој ден на бројните гости им делеше по бесплатен оброк. Трајче Лефков работи како рудар 22 години, и неговиот син е исто рудар.

Работат секојдневно на илјада метри под земја, по осум часа, без дневна светлост, со ризик по сопствениот живот. Во рудниците Саса се копа олово и цинк и тој е најголем рудник со подземен ископ во Македонија. Пред да влезат во окното, оптимизам и ведрина им влева пораката „среќно“. Но не секој од рударите минал со убави впечатоци од работата.

Освен во Македонска Каменица Денот на рударите се одбележува и во Крива Паланка, Пробиштип и Радовиш. Во Македонија во рударството се вработени околу 12 илјади работници, рудари заедно со администрација.

Петар Печков