Дијаспората од САД бара да се почитуваат човековите права во Грција и Бугарија
65 години по усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации, Македонците се уште не ги уживаат основните права на самоопределување, собирање и говор. Претставникот на Обединетата македонска дијаспора за Грција Евгенија Нацулиду и покрај заканите од неонацистите од Златна зора по нејзиниот живот го загуби случајот пред грчкиот суд и сега правдата ќе ја бара во Стразбур пред Судот за човекови права.

„И по 65 години од донесувањето на Универзалната декларација, Македонците во Бугарија и во Грција се лишени од основните човекови права на самоопределување, собирање, говор, верски и медиумски слободи, а и Македонците во Албанија, на Косово и во Србија не се во подобра положба.“ , изјави Мето Колоски-претседател на Обединета македонска дијаспора.
Обединетата македонска дијаспора потсетува дека Македонците немаат право да ја нарекуваат сопствената држава под име коешто го избрале и поради што се блокирани за прием во НАТО и во ЕУ.
„Иако демократски држави, Австралија, Франција и Германија се уште не ја признаваат Македонија под уставното име.“
Ирина Гелевска, постојан дописник на МРТ од Вашингтон