високо образование

Речиси 10 илјади слободни места на УКИМ

28.08.2024 15:55

Најголем интерес и годинава за медицина и компјутерско инженерство, но, белата чума не го одминува високото образование – забрзано се намалува бројот на студенти...

Утре почнуваат уписите на најстариот универзитет во земјава „Св. Кирил и Методиј“. Има речиси 10 илјади слободни места. Најголем интерес и годинава за медицина и компјутерско инженерство, но, белата чума не го одминува високото образование – забрзано се намалува бројот на студенти. За ова, но, и за мерките кои државата треба да ги преземе за УКИМ да се најде на Шангајската листа, Александра Спировска разговара со ректорката Биљана Ангелова.