Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во посета на Загреб, оствари средба со Радман
На средбата со хрватскиот министер за надворешни работи, двајцата министри ги поздравија одличните билатерални односи со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заеднички интерес, НАТО-сојузништво и пријателство кое се негува во изминатите 32 години...

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски е во посета на Загреб, на средба со колегата Радман. На средбата со хрватскиот министер за надворешни работи, двајцата министри ги поздравија одличните билатерални односи со интензивен политички дијалог, конструктивна соработка во сите области од заеднички интерес, НАТО-сојузништво и пријателство кое се негува во изминатите 32 години. Во Хрватска утре ќе допатува и премиерот Мицкоски.
Од Загреб известува Викторија Милевска
