Здравство

Ковидот ги полни амбулантите, но најголем дел од заразените се со лесни симптоми

28.08.2024 17:32

Да се остави сензационализмот настрана кога се работи за здравје, ковидот е дел од нашиот живот и сите кога тогаш ќе се иницираме, да внимаваат само пациентите со кревко здравје, препорачува професорот Даниловски...

Пациентите коишто доаѓаат во амбулантите на Инфективната клиника се со лесни симптоми, оние коишто се на болничко лекување се со коморбидитети.

Да се остави сензационализмот настрана кога се работи за здравје, ковидот е дел од нашиот живот и сите кога тогаш ќе се иницираме, да внимаваат само пациентите со кревко здравје, препорачува професорот Даниловски. Вели-нема простор за паника, за разлика од другите респираторни заболувања ковидот покажува благ пораст и во лето и во зима. На Комисијата за заразни болести и забележува што не го советува министерот за здравство да го набави лекот Паксловит.

Вели добро ако се реализира најавата на надлежните вакцините против ковид да стигнат заедно со оние против сезонски грип.

Тој смета дека маски во метеж не треба да носат здрави лица, туку само оние кои се во контакт со стари или лица хронично болни, како и оние што имаат симптоми на настинка, сите останати и ако се заразат ќе си создадат имунитет.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски