Град Скопје

Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

29.08.2024 09:16

Советот на Град Скопје денеска треба да ја одржи седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси...

Советот на Град Скопје денеска треба да ја одржи седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

Градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот.

Претседателот на Советот, Трајко Славески на 22 овој месец по координацијата со Арсовска изјави дека овие програми ќе бидат поддржани од советниците, изразувајќи очекување дека од 1 септември јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакува.

Претходно Арсовска имаше средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски, кој ја повика поради состојбите во главниот град. Мицкоски кажа дека доколку за една недела не почне да се работи на решавање на проблемите во градот, ќе побара изземање на ингеренциите на некои јавни претпријатија. Подоцна тој сепак побара од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат плановите на Град Скопје.